Продажба на ексклузивен стан во Карпош 2, (6961)

Ексклузивен стан со 157м2 станбена површина, на едно ниво, на четврти кат во зграда со лифт, лоцирана во убаво соседство, на само неколку минути пеш до градскиот парк и кејот на Вардар. Со висок квалитет на сите вградени материјали и опрема, и префинета завршна обработка, овој исклучителен стан нуди неверојатно пространа дневна соба со трпезарија, со камин и убава тераса, комплетно опремена модерна кујна, две големи спални соби, две бањи, сауна, утилити. Станот е приклучен на централно градско парно греење, има три клима уреди. Има голема подземна гаража за две возила.

Цена по договор